79 години МНТ е миг што трае
31.01.2024 Januari Sreda
Во историјата на Македонскиот народен театар, денешниот датум – 31 јануари, е мошне значаен ден.
Во тогашната 1945 година, со решението на Президиумот на АСНОМ (бр. 581/45), се заокружи правниот карактер на постоењето на театарот, создаден во текот на војната и револуцијата. Се заокружи она што го почнаа првите драматурзи и учители, патувачките театри и театрите на другите јазици.
Потоа продолжи со желбата и силните напори на веќе афирмираните македонски театарски дејци, кои активно се занимаваа со театар и во текот на Втората светска војна и веднаш по ослободувањето на Скопје. Со ова заокружување се оствари сонот на сите групи актери и уметници во тоа време, како и на културно-уметничката група „Кочо Рацин“ (составена од идните актери, режисери и сценографи на МНТ).
Се оствари сонот за национален македонски професионален театар предводен од тогаш поставениот директор – режисерот Димитар Ќостаров и секретарот драматург Илија Милчин (набргу примен и како актер), сонот на десетина веднаш примени актери, двајца сценографи и дваесетина сценски и административни работници. Тоа е и сонот на 80.000 жители на град Скопје, кои со среќа ја примија оваа вест преку весниците и со озарени лица ја чекаа првата премиера на нивниот/нашиот театар.
留言