Search
60 ГОДИНИ СОКРИЕНО ОД ЈАВНОСТА: Последното приватно видео на Мерлин Монро (ВИДЕО)
- Aleksandar Santovski
- Nov 13, 2023
- 1 min read
На само неколку дена пред смртта на една од најубавите актерки на сите времиња Мерлин Монро, случајно на плажа е направен последниот видео запис за нејзината психичка и физичка состојба. Видеото е снимено кон крајот на јули во далечната 1962 година од случајни минувачи.
Во една прилика фотографот изјавил дека Монро не била во добра состојба, односно дека нешто ја маци. Тој потенцирал дека нејзиното расположение драстично се менувало од минута во минута. На моменти изразувала емоции на хистерично смеење, за веднаш потоа да почне да плаче.
Инаку Мерлин Монро е пронајдена мртва на 5 август 1962 година во раните утрински часови во нејзиниот стан. Прв кој го забележал безживотното тело бил нејзиниот психијатар Ралф Гринсон.

Commentaires