40 години подоцна: Парче од свадбената торта на Чарлс и Дијана продадено на аукција
24.09.2021 Septemvri Petok
Венчавката на принцезата Дијана и принцот Чарлс засекогаш ќе се памети како една од најубавите церемонии во историјата, а од тогаш поминаа 40 години. Кога ќе се потсетиме на лејди Дијана, првото нешто што ни паѓа на памет е нејзината убавина, скромност и хуманост, поради што до ден денес останува непрежалена принцеза, а многу луѓе сакаат да имаат вистинско парче историја во спомен на најубавата свадба. Идејата за торта стара 40 години не изгледа како привлечна опција за дегустација, и многумина веројатно нема ни да помислат да ја купат, но тоа не е обично парче торта! Имено, парче од една од 23-те торти на свадбата на принцот Чарлс и принцезата Дијана (тешко 28 грама) беше продадено на аукција, и иако се очекуваше да се продаде за 500 фунти, тоа достигна цена од дури 2.000 фунти. Не се знае што ќе прави купувачот со тортата, а медиумите се шегуваат дека сигурно нема намера да ја вкуси. Тој плати прилично убава цена за да стане сопственик на тоа слатко парче кралска историја.
Comments