35 прозни дела пријавени за наградата „Драги“
- Aleksandar Santovski
 - Jul 3
 - 4 min read
 
02.07.2025 Juli Sreda
35 прозни дела на 33 преведувачи во превод на македонски јазик се пристигнати на конкурсот за наградата „Драги“, што ја оргзанизира издавачката куќа „Антолог“. Книгите се објавени од 18 различни издавачки куќи или поединци, а преводите се направени од 17 јазици. Опфатени се 35 странски прозни автори со романи, раскази, есеистика, дневници, итн.
Тричлената комисија за доделувањето на наградата за најдобар превод на македонски јазик ќе ја сочинуваат: д-р Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник од семејството на Драги Михајловски), д-р Анастасија Ѓурчинова (редовен професор на Катедрата за италијански јазик и книжевност и преведувач; претставник предложен од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“) и Иван Шопов (писател и преведувач, претставник предложен од издавачката куќа „Антолог“).Наградата се состои од плакета и статуетка „Драги“ и паричен дел кој изнесува 40.000 денари.
Ова е комплетниот список на пристигнати дела (наведени по азбучен ред според првата буква од името на преведувачот):
Андријана Папиќ-Манчева за преводот од француски јазик на „Годините” од Ани Ерно, издание на Илика, 2025 година (електронски формат)Бранислав Мирчевски за преводот од бугарски јазик на „Загубени во слободата“ од Владимир Зарев, издание на Или-или, 2025 годинаБранислав Мирчевски за преводот од англиски јазик на „Граница: Патување до работ во Европа“ од Капка Касабова, издание на Или-или, 2024 годинаВиолета Танчева-Златева за преводот од бугарски јазик на „Ѕвезди под клепките“ од Николај Терзијски, издание на Три, 2024 годинаДаниела Тошева за преводот од старогрчки јазик на „Хизмина и Хизминиј“ од Евматиј Макремволит, издание на Чудна шума, 2024 годинаДарко Спасов за преводот од словенечки јазик на „Ленинов парк“ од Тадеј Голоб, издание на Чудна шума, 2024 годинаДрагана Евтимова за преводот од словенечки јазик на „Чиракот на волшебникот“ од Евалд Флисар, издание на Прозарт, 2024 годинаДушанка Каевска и Ксенија Чочкова за преводот од германски јазик на „Собрани раскази“ од Франц Кафка, издание на Антолог, 2024 годинаЃоко Здравески за преводот од српски јазик на „Дервишот и смртта“ од Меша Селимовиќ, издание на Антолог, 2025 годинаЕли Пујовска за преводот од холандски јазик на „Легенди, митови и фантазии“ од Луис Коуперус, издание на Макавеј, 2024 годинаЕли Пујовска за преводот од холандски јазик на „Трофеј“ од Хеа Схутерс, издание на Чудна шума, 2025 годинаЕрмис Лафазановски за преводот од романски јазик на „Летото во кое мама имаше зелени очи“ од Татјана Цибуљак, издание на Три, 2024 годинаЗвонко Танески за преводот од словачки јазик на „Еднорози“ од Барбора Хринова, издание на Перун артис, 2024 годинаЗоран Спасовски за преводот од турски јазик на „Хусеин Фелахот“ од Ахмет Митхат Ефенди, издание на Алманах, 2024 годинаИрена Јурчева за преводот од англиски јазик на ,,Црниот мачор – раскази за мистеријата” од Едгар Алан По, издание на Три, 2024 годинаИскра Димковска за преводот од италијански јазик на „Островот на срцебиењето“ од Лаура Имаи Месина, издание на Антолог, 2025 годинаЈасминка Марковска за преводот од норвешки јазик на „Утро и вечер“ од Јун Фосе, издание на Артконект, 2024 годинаКалина Малеска за преводот од англиски јазик на „Слобода: созревање на крајот на историјата“ од Леа Ипи, издание на Или-или, 2024 годинаКатерина Сотирова за преводот од италијански јазик на „Амфора“ од Луиџи Пирандело, издание на Или-или, 2024 годинаКатица Гароска Ацевска за преводот од српски јазик на „Semper Idem“ од Ѓорѓе Лебовиќ, издание на Полица, 2024 годинаКристина Стаменова за преводот од кинески јазик на „Јас не сум прељубница“ од Лиу Џенјун, издание на Македоника литера, 2025 годинаЛидија Танушевска за преводот од полски јазик на „Емпусион“ од Олга Токарчук, издание на Антолог, 2025 годинаЉубица Арсовска за преводот од англиски јазик на „Генијот и божицата“ од Олдос Хаксли, издание на Артконект, 2025 годинаМариана Палашевска за преводот од германски јазик на „Волк“ од Саша Станишиќ, издание на Полица, 2024 годинаМарија Гиревска за преводот од англиски јазик на „Патот до Индија“ од Едвард Морган Форстер,издание на Марија Гиревска, 2025 годинаМарио Стојаноски за преводот од англиски јазик на „Чуварка на семиња“ од Дајен Вилсон, издание на Матица, 2024 годинаМилан Дамјановски за преводот од англиски јазик на „Десет раскази“ од О. Хенри, издание на Светла комора, 2024 годинаНикола Кузманоски за преводот од англиски јазик на „Сенката над инсмот и други грозотии“ од Хауард Филипс Лавкрафт, издание на Полиграматон, 2024 годинаСашо Огненовски за преводот од хрватски јазик на „Случајот на сопствената погибел“ од Кристијан Новак, издание на Перун артис, 2025 годинаСашо Огненовски за преводот од хрватски јазик на „Зошто сум ве лажела“ од Јулијана Матановиќ, издание на Перун артис, 2025 годинаСоња Стојменска – Елзесер за преводот од чешки јазик на „На убавата сина Джевнице“ од Антонин Бајаја, издание на Перун артис, 2025 годинаСветлана Кочовска – Стевовиќ за преводот од старогрчки јазик на „Приказна од Ефес: Антија и Хаброком“ од Ксефонт од Ефес, издание на Или-или, 2025 годинаСтефан Марковски и Викторија Митрикеска – Марковска за преводот од англиски јазик на „Макс Хавелар или аукциите за кафе на холандската трговска компанија“ од Едуард Дувес Декер – Мултатули, издание на Современост, 2024 годинаСтефан Марковски и Викторија Митрикеска – Марковска за преводот од хрватски јазик на „Мали необични луѓе“ од Миро Гавран, издание на Современост, 2024 годинаФилип Димевски за преводот од полски јазик на „Маскарада“ од Витолд Гомбрович, издание на Бегемот, 2024 година
Годинашното издание на наградата „Драги“ е реализирана од страна на издавачката куќа „Антолог“ со поддршка на Министерството за култура и туризам и во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.
Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Освен со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со преводите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон итн. Објави и неколку студии и есеи од областа на теоријата на преводот, а со своите ставови за преводот влијаеше и на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што беше професор.






Comments