30 НОЕМВРИ – МЕГАден за МЕГАсреќа и „99 МЕГАСТАРС“ освежување убави музички спомени
Ако ви кажеме само Златимир Аревски можеби од прва нема да се сетите за кого станува збор, но ако ви кажеме Арчи веќе нема промашување – веднаш ќе се сетите на популарниот пејач од 90-те, човекот чиј хит „Од желба изгорен“ или како што сите ја нарекуваа „Да пукнеш леле што ми направи“. И, веројатно, веднаш ќе ви падне на ум прашањето каде исчезна, а сигурно истото ќе си го поставите и ако ги споменеме „Пис брадрс“. Тоа се оние момци и девојки на чии „Скопските девојки“, „Мрдам газ“, „Обичен ден“… се играше по дискотеки, на домашни журки, родендени, низ маало…За „Сѐ е против нас“, Не плачи, не жали“, „Кучка неверна“, „Постела рози“, веројатно, не треба ни да се двоумиме дали ги паметите. Двоецот под името „Куку Леле“ сѐ уште постои на домашната музичка сцена. Сѐ уште се активни, иако можеби стилот (музичкиот) малку им е променет, еланот и жарот за музика никако не се.И кога веќе тргнавме да патуваме низ времето и да освежуваме сеќавања, еве уште неколку интересни прашања – Можеше ли да помине роденден без „ненајавениот“ гостин Маријан Стојановски? Ја паметите ли онаа „Твоето писмо моја Библија…“ на Андријана Јаневска? Се сеќавате ли на „Барбиката“ и „Мачката со девет животи“ на Маја Гроздановска – Панчева… Или можеби каква журка се случуваше штом ќе ѝ паднеше мрак на Искра Трпева или на „Допри ме“…
Ако барем малку ве вративме низ времето и ако случајно си поставувате уште некое музичко прашање поврзано со 1990-те и 2000-те години по одговор дојдете на 30 ноември во СЦ „Јане Сандански“. Дојдете подготвени да си ги освежиме сеќавањата на најголемите домашни музички хитови и да споделиме незаборавни моменти на среќа, забава, дарување…
Зашто на 30 ноември среќата ќе биде насекаде! Токму таа, исто како и музиката, им дава душа на универзумот, крилја на умот, лет на имагинацијата, а магија и радост на нашите животи. Затоа разгалете си ги очекувањата и подгответе се МЕГАквалитетно и МЕГАуникатно искуство со добра македонска музика и една поинаква, позабавна лотарија − Државна лотарија, којашто за вас ги овозможи Мегавин и „99 Мегастарс“!Временската машина ќе ја возат Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Мартин 99 Трпчевски и Миа Костова, а како звучеше македонската музика на времето ќе нѐ потсетат: Искра Трпева, Peace Brothers, Ластовица, Марјан Стојановски, Кристина Арнаудова, Ребека, Маја Гроздановска-Панчева, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Андријана Јаневска, Верица Пандиловска, Александар Тарабунов, Арчи, Сара Мејс, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Нови дечки, Тони Зен, Ивона Јо, Ластовица, Дуо Дис, Наде Талевска, Дарко Гроздановски, Мила Николовска-Ѓумар, Александар Ристовски – Принц…Не заборавајте – дојдете на 30 ноември во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20:00 часот бидејќи на овој ден ќе се слави музиката, успехот, истрајноста… Ќе се одбележи најновата мегапобеда megawin.мк, новата визија, новиот симбол, една убава 15-годишнина, но и пишувањето на новите страници за уште 26 нови среќни приказни од наградната игра „Биди ин, регистрирај се на мегавин“…
Она што треба да го запомните е дека влезници за оваа вечер НЕМА во продажба секој што ќе се регистрира на megawin.мк до 29 ноември добива ЗАГАРАНТИРАН подарок, станува учесник во наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“ и воедно добива и влезница за концертот „99 Мегастарс“ на 30 ноември, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, за кога е закажано и извлекувањето во живо на еден автомобил БМВ, 5 патувања за двајца во Дубаи, 10 гејминг лаптопи Леново и 10 iPhone 14 Pro.
(Комерцијална објава)
Comments