top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„30“ на Адел најпродаван албум на годината само три дена по издавањето

Updated: Nov 26, 2021

23.11.2021 Noemvri Sreda

Откако го чекаа новиот албум повеќе од шест години, фановите на Адел масовно реагираа на нејзиниот четврти студиски албум „30“, кој веќе е најпродаваниот албум во 2021 година. „30“ беше објавен на 19 ноември, пет дена по двочасовната специјална емисија Adele One Night, што се емитуваше на Си-би-ес, со неверојатно голема гледаност од над 10 милиони луѓе. Новите извештаи од компанијата MRC Data (преку „Билборд“) откриваат дека веќе се продадени повеќе од 500.000 примероци за само три дена надминувајќи го Evermore на Тејлор Свифт (469.000 примероци) за најпродаван албум на годината.


0 views

Comentarios


bottom of page