top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

30 години од првиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија

На денешен ден пред 30 години, фудбалската репрезентација на Македонија го одигра првиот натпревар. На 13.октомври 1993 година, во Крањ, во пријателски натпревар, Македонија ја победи Словенија со 4:1. Селекторот Андон Дончевски на тој натпревар им даде шанса на следните фудбалери: Зоран Мицевски, Кире Грозданов (63′ Неџмедин Мемеди), Зоран Јовановски, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Чеде Јаневски, Зоран Бошковски (86′ Ванчо Мицевски), Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски (12′ Горан Георгиевски, 73′ Саше Милошевски), Тони Мицевски. Бошковски го постигна првиот гол во историјата на националниот тим. По само три минути игра тој погоди по додавањето од Дарко Панчев, кој го постигна вториот гол. Стрелци на овој натпревар беа и Чеде Јанески и Драги Канаталаровски.


0 views

Comments


bottom of page