Леброн за едно од новите засилувања на Лејкерс: Среќен сум поради него, ама тој ми „украде“ една наг
Се поблиску е почетокот на новата сезона во НБА лигата, а еден од главните фаворити за пехарот одново се очекува да биде тимот на Лос Анџелес Лејкерс кој всушност ќе има задача да ја одбрани освоената титула од натпреварувачката 2019/2020.
„Езерџиите“ се ослободија од неколку имиња, но и донесе одлични засилувања како Марк Гасол, Монтрез Херел, Весли Метјуз и Денис Шрудер. Лидерот на Лејкерс, Леброн Џејмс е среќен што ќе има нови соиграчи, а зборувајќи за нив посебно се осврна на Гасол кого исклучително го цени, но воедно смета дека една награда му има „украдено“, онаа за дефанзивен играч на годината во 2013.
-Среќен сум што ќе го имаме Марк, уште еден шампион со Торонто Репторс. Секогаш сум го сакал. Марк го има трофејот DPOY (Одбранбен играч на годината) во неговата куќа. Те сакам Марк, со нетрпение чекам да разговараме за тоа, -истакна Леброн кој не ја отфрли опцијата и Пау одново да заигра за составот од Лос Анџелес.
-Ќе видиме, ќе видиме, можеби… ќе видиме, -рече „кралот“.