Зидан: Нема да си поднесам оставка, ни недостасуваше само едно нешто!
Реал Мадрид претрпе неочекуван пораз од Шахтјор Доњецк и ја продолжи својата променлива форма од стартот на сезоната, со тоа што сега тимот на Зинедин Зидан ќе има навистина комплицирана работа во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
По порзот од 2:0 во Украина, Реал ќе ја започне последната рунда како третопласиран на табелата, па единствено позитивно сценарио ќе биде победа против Борусија Менхенгладбах.
Овој лош резултат за Реал дојде само неколку дена по шокантниот пораз од Алавес во домашното првенство, а бидејќи веќе се насобра многу потпросечни партии од „кралскиот клуб“ кој секогаш има највисоки амбиции, се поголем е притисокот и врз Зинедин Зидан кој сепак не размислува да си поднесе оставка.
– Не размислувам на оставка, без оглед на комплицираните моменти кои ги имаме од стартот на сезоната. Ова е една лоша низа на резултати и тоа е реалноста со која се соочуваме. Сепак, имам сили да продолжам напред и ќе продолжиме напред. Знаевме дека денеска мечот е важен како финале и така се подготвуваме. Имавме одлично прво полувреме, но не можевме да постигнеме гол. Останува уште еден меч во групата и мора да победиме.
– Чувствувам дека имам сила да се справам, ќе го дадам најдоброто како и секогаш, како и сите мои играчи. Пред неколку дена во Ла Лига не заслуживме да победиме, но вечерва заслуживме. Треба да ги кренеме главите и да размислуваме на следниот предизвик. Имавме три добри шанси во првиот дел, еден дирек, но топката не не посака. Не станува збор за лоша игра, имавме одличен пресинг во првиот дел, направивме многу добри работи, недостасува само први да постигнеме гол. Верувам во овој тим и ќе се бориме до крај, – изјави Зидан.