top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Филмот „Проблемот на Тина” се снима на повеќе локации во Скопје

„Проблемот на Тина” е наслов на новиот македонски краткометражен игран филм во режија на Радован Петровиќ, по сценарио на Румена Бужаровска, а во продукција на ДФВП Партизанс, чие снимање започна деновиве и ќе трае до 1 декември.

Филмот раскажува за Тина, 22-годишна интровертна девојка со ниска самодоверба која се бори со идејата како треба да изгледа нејзиното тело. Таа е под влијание на моделите на патријархалното општество и луѓето околу неа.

Во филмот играат Душица Настова, Жаклина Стевковска, Тамара Ристоска, Јордан Симонов, Емилија Мицевска Трајковиќ и Ненад Митевски.

Продуцент на филмот е Роберт Насков, директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценограф Илина Ангеловска, а костимограф Жаклина Крстевска.

Проектот се снима на повеќе локации во Скопје, а е финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.

4 views
bottom of page