Сериозниот Зидан му одговори на белгискиот доктор, па се осврна за непрепознатливата ѕвезда на Реал:
Реал Мадрид значително ја подобри својата ситуација во групната фаза во Лигата на шампионите со двете последователни победи над Интер, но повеќе од јасно е дека „кралевите“ сега ќе одат на трет триумф во низа, бидејќи утре му гостуваат на Шахтјор кој доживеа два дебакли од Борусија Менхегладбах (порази од 6:0 и 4:0).
Зинедин Зидан на денешната прес-конференција нагласи дека е максимално фокусиран на утрешниот меч, пред кој сепак доби уште една неповолна вест кога се во прашање повредите, бидејќи во болничката листа одново се приклучи Еден Азар.
Малерозниот Белгиец не може да крене глава и ја заработи дури осмата повреда откако дојде во Реал минатата година, а откако беше потврдено дека ќе пропушти најмалку четири натпревари, докторот од Белгија излезе со изјава дека фудбалската ѕвезда почнала да се повредува поради сериозниот стрес и стравот од повреди.
– Азар се повредува од психолошки аспект? Дефинитивно не, тој е ментално многу силен, но воопшто нема среќа во последно време. Многу е лут, но со повреди мора да се справува секој професионалец. Не се сомневам во Азар, се надевам дека ќе ни се врати што поскоро, – изјави Зидан со исклучително сериозен тон кој предизвика нови прашања од новинарите.
– Не сум поинаков на пресовите, секогаш сум ист и нема да се промени тоа. Може да ме видите порасположен, а некогаш посериозен како што е сега, но никогаш нема да се променам пред новинарите, – додаде Французинот кој за крај беше повторно испровоциран од новинар кој заклучи дека Марко Асенсио игра во нависитна лоша форма по враќањето од тешката повреда.
– Треба да престанете да зборувате за тоа што треба да прави Марко. Оставете го да игра и да собира минутажа. Мора да ја врати самодовербата и својот фудбал. Цела година беше повреден и полека се враќа во ритам. Ви порачувам на вас од страна да го оставите на мир, – порача Зизу.