Давид Темелков ја сними „Огледало“
Младиот пејач Давид Темелков, кој веќе неколку години гради музичка кариера во Хрватска, деновиве ги искористи за снимање нова песна. Станува збор за „Огледало“, која има брз ритам и е нешто различно од она што досега сме го слушнале од него, а истовремено беше претставена низ целиот Балкан. – Мило ми е што по издавањето на мојот албумот првенец „Дишам за нас“, можам да ви подарам нешто ново од мене, нешто поинакво, нешто што долго се подготвуваше и во ситуацијава во која се наоѓаме сите внесе ведрина и оптимизам. По успешната соработка во 2015 година, со песната „Беше сé“, со која ѝ се претставив на балканската публика, хрватскиот композитор Миро Буљан повторно го става својот потпис и ја потпишува музиката на песната „Огледало“, а го направи и аранжманот и се јавува како продуцент, а вештата рака на Соња Буљан ја преточи нашата соработка во текст. Препевот на македонски и овој пат го направив јас – вели Темелков. Тој неодамна го промовира и сопствениот музички канал на Јутјуб.