Облеката е „вистинската ѕвезда“ во „Слом“
Тоа што Кери Бредшо не успеа да го стори со култните модели на чевли по зимските улици на Менхетн во телевизиската серија „Сексот и градот“, и успеа на Никол Кидман во улогата на Грејс Фрејзер, во само неколку епизоди од серијата „Слом“. Нејзината гардероба во серијата ја разгори желбата за купување на квалитетна облека која ќе може да се носи и подолго време, што особено се однесува на облеката на италијанските дизајнери, пишува „Дејли мејл“.
Конечно, имаме нова модна хероина. Изгледот на Никол Кидман во нејзините удобни и топли палта во разни бои во „Слом“ сигурно ќе предизвика „стампедо на потрошувачи“ кај луксузните италијански производители.
Побарувачката не се онесува само на палтата. Откако Кидман ја соблече својата наметка од италијанскиот бренд „Етро“ за да открие фустанот со метален сјај на „Живанши“ во првата епизода, истиот фустанот веднаш се распродаде во рекордно време, по цена од 7.560 евра.
Ликот на Грејс Фрејзер често ги комбинира своите палта со ракавици, свилен шал, чизми до колена и кошули со врзана тантела.
„Слом“ беше снимена пред пандемијата на ковид-19, а облеката била избрана од модните писти во есента 2018 година и на почетокот на 2019 година.