Бред Пит и Лејди Гага заедно во „Булет треин“
Бред Пит го избра својот прв филмски проект по освојувањето на неговиот прв „оскар“ во кариерата за филмот „Си било еднаш во Холивуд“. Странските медиуми се преполнети со вести дека Пит ќе глуми во новиот акциски трилер „Булет треин“, кој ќе го режира Дејвид Лејч, режисерот на филмови за Џон Вик. Освен тоа, и Лејди Гага му се приклучи на проектот. Филмот „Булет треин“ ќе се базира на јапонскиот роман „Марија Битл“, од авторот Котаро Исаке. Заплетот прикажува пет убијци што се наоѓаат во истиот брз воз од Токио до Мориока и нивните меѓусебни конфликти. Во моментов не е објавен англиски превод на книгата. Не е познато дали Гага ќе игра еден од убијците, но се шпекулира дека нејзината улога ќе биде споредна. Тоа воопшто не го намалува sвездениот тим на филмот, кој, освен Гага и Пит, го сочинуваат Арон Тејлор Џонсон, Мајкл Шенон, Зази Битц, Брајан Тајри Хенри, Џои Кинг и други. Мајкл Шенон е двократен добитник на „оскар“.