top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мадс Микелсен ќе го замени Џони Деп во „Fantastic Beasts 3“

Официјално е соопштено дека Мадс Микелсен ќе го замени Џони Деп во улогата на Гелерт Гринделвалд во филмот „Fantastic Beasts 3“.

Со недели се ширеа шпекулации дека Микелсен е актерот кој од Warner Bros. го имаат на ум како замена за Деп. Студиото побара од Деп да се повлече од проектот откако актерот ја изгуби тужбата за клевета против британски таблоид кој објави текст со наслов во кој го нарече „женотепач“. Деп излезе со соопштение на социјалните мрежи и се повлече од улогата, иако многу негови фанови се надеваа дека ќе се врати. Тоа очигледно нема да се случи.

На прашањето дали ќе го игра Гринделвалд, Микелсен минатата недела негираше дека воопшто имало преговори меѓу него и Warner Bros.

„Ах, тоа е сѐ на ниво на гласини во моментов... Тоа значи дека јас знам исто колку и вие, од медиумите. Па така, го чекам тој телефонски повик“, рече Микелсен.

The Wrap прв ја објави официјално веста дека Микелсен се приклучува на актерската екипа на франшизата.

Засега нема други информации од него и од Warner Bros. и единствено е познато дека во најдобар интерес на сите е да се продолжи со снимање што е можно побрзо. Деп наводно имал снимено само една сцена за длого очекуваното продолжение „Fantastic Beasts 3“ и тоа уште во септември.

Премиерата на „Fantastic Beasts 3“ засега е закажана на 15 јули, 2022 година.

2 views
bottom of page