top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Премиера на перформансот „Screensaver“ на 45. МОТ

Здружението Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од Скопје во рамки на 45. МОТ ќе го претстави кореографското дело на Александар Георгиев „Screensaver“.

Перформансот премиерно ќе биде прикажан на 26 ноември во 19:30 часот во Младинскиот културен центар, а изведбата е на авторот Георгиев, Дарио Барето Дамас (Шпанија), Жана Пенчева (Бугарија) и Тереза Лазарев (Македонија).

„’Screensaver’ може да се сфати како танцова пракса, но всушност станува збор за еротско ТВ поп-шоу или едноставно, апсурдно видео рекламирање на архивата за танцување, која се негува уште од 60-тите, 70-тите, 80-тите и 90-тите години. Архива која спекулативно отвора простор за други темпоралности кои поинаку се бавеле со танцот, за да коегзистираат истовремено во денешната перцепција на танцот и кореографијата. Ќе се отвори простор каде што конечно ќе може да се доживе илјада пати одиграниот танц, или сеќавањето на танцот што сме го гледале толку многу пати и сите го носиме во себе како кинетичка меморија. Ќе се отвори простор за танц на идна носталгија. ’Screensaver’ создава клима на задоволство додека танцот и кореографијата се доживуваат како кинематографска меморија на телата“, посочуваат од Локомотива.

1 view
bottom of page