Во Неапол нема да се спие – тагата за Марадона е преголема
Иако Марадона имаше статус на легенда во својата родна Аргентина, вистински статус на фудбалски бог имаше во јужна Италија, односно во Неапол, каде што ги оствари сите соништа на навивачите на „партенопеи“.
Марадона играше во Наполи од 1984 до 1991 година, помагајќи во градот во Кампанија да пристигне првата титула од Серија А во историјата. Каде и да се тргне во градот, може да се забележи некој мурал на „Ел Пибе дел оро“, каде што тој претставуваше претставник на „обичниот човек“, суперхерој кој успеа да ги симне од врвот доминантните клубови од богатиот север на земјата. Речиси сигурно е дека вечерва ќе има собирања и ретко кој ќе може да заспие.
На официјалниот Твитер профил на Наполи кажаа најдобро: „Светот ги чека нашите зборови, но не постојат зборови да се опише болката низ која поминуваме. Сега е време за тагување“.
Никола Ломбардо, портпаролот на клубот, исто така побара да се даде време за тагување: „Во моментов ние сме во тагување. Се чувствуваме како боксер кој е во нокаут. Сите сме во шок“.
На Интернет пак, веднаш почна „кампањата“ стадионот „Сан Паоло“ да го носи името на легендата која го прослави.