top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бијонсе прва со девет номинации за „Греми“

Кралицата на попот, Бијонсе, води со девет номинации за годинешните Греми-награди, вклучувајќи и за песна на годината, по неа се Дуа Липа, Тејлор Свифт и раперот Роди Рич, секој по шест.

Добитниците ќе бидат прогласени на 31 јануари в година.

Тејлор Свифт и Дуа Липа ќе се натпреваруваат за главната награда – албум на годината – заедно со аренби-пејачот Пост Мелоун, британскиот бенд „Колдплеј“, женскиот бенд „Хаим“, авангардниот британски уметник Џејкоб Колиер, американската соул-бенд „Блек пумас“ и американската алтернатива аренби-пејачка Џен Аико.

Најголемото изоставување е канадскиот пејач Д Викенд за кого се очекуваше да собере неколку номинации за неговиот многу фален и комерцијално успешен албум After Hours.

Го нема и Боб Дилан и покрај добрите оценки за неговиот прв албум со нова музика во последните осум години, Rough and Rowdy Ways.

1 view
bottom of page