top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Баерн игра за зголемување на рекордната низа на победи

ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Со вечерашните осум натпревари во групите А, Б, Ц и Д, ќе биде комплетирана четвртата рунда натпревари во групната фаза во Лигата на шампионите (ЛШ) во фудбал. Баерн, бранителот на титулата, лани триумфира на сите 11 натпревари, постигнувајќи 43, а примајќи осум гола. Сезонава Баерн продолжи во истиот стил, ги доби трите досегашни натпревари во групата и има гол-разлика 12-3. Баварците го пречекуваат Салцбург, кого во минатото коло на гости го совладаа со 6-2 и се во трка по 15-та победа во низа во ЛШ, за зголемување на рекордот. Интер, кој е на дното на табелата во групата Б, со два бода, го пречекува Реал Мадрид, кој има четири бода, колку и Шахтар. Интер не смее да си дозволи кикс во Милано. – Има уште девет бода за освојување, сѐ уште имаме шанси да се квалификуваме во следната фаза – вели тренерот на Интер, Антонио Конте. Ливерпул ја пречекува Аталанта, која во минатото коло во Бергамо, во брилијантен меч ја победи со 5-0. Три гола постигна летното засилување Диого Жота, а по еден Садио Мане и Мохамед Салах. – Играм во најдобриот тим во мојата кариера, тоа е сигурно – изјави по тој меч Жота.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

Група А: Баерн – Салцбург, Атлетико – Локомотив М. Табела: Баерн 9, Атлетико 4, Локомотив 2, Салцбург 1. Група Б: Борусија М. – Шахтар, Интер – Реал. Табела: Борусија 5, Шахтар и Реал по 4, Интер 2. Група Ц: Олимпијакос – Манчестер С., Марсеј – Порто. Табела: Манчестер С. 9, Порто 6, Олимпијакос 3, Марсеј 0. Група Д: Ливерпул – Аталанта, Ајакс – Митјиланд. Табела: Ливерпул 9, Ајакс и Аталанта по 4, Митјиланд 0.

1 view
bottom of page