top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Кралевите“ го турнаа Интер до работ од амбисот, Аталанта го шокираше Ливерпул на „Енфилд Роуд“

Шпанскиот првак Реал Мадрид успеа да ги освои трите бода на гостувањето во Милано, а со тоа да го турне Интер до работ од амбисот, поточно на чекор од нова елиминација од Лигата на шампионите.

„Кралевите“ славеа на „Џузепе Меаца“ со 2-0 максимално користејќи ја предноста од играч повеќе која ја имаа од 33 минута кога беше исклучен Артуро Видал. Имено Чилеанецот заработи два брзи жолти картони и со тоа ја остави екипата на цедило во ситуација кога веќе истата губеше со 1-0 со голот на Азар во 7 минута.

Реал цврсто стоеше на земја и во вториот дел со автоголот на Хакими го зголеми водството за славје по кое сега има седум бода, еден помалку од лидерот Борусија Менхегладбах на две кола до крајот на групната фаза.

Шахтјор Доњецк е трет со 4, додека Интер е последен со само два поени.

Ливерпул пак одигра меч под своето ниво и загуби од Аталанта (2-0), од клубот кој предоколу 20 дена го добија во Бергамо со 5-0. Иличиќ и Госенс во периодот од 60 до 64 го пронајдоа патот до мрежата на Бекер за важен триумф на калчолигашот кој има седум бода исто како Ајакс, додека лидерот Ливерпул има девет поени.

1 view
bottom of page