Search
Изложба „Скопје виа Солун“ во Музеј на град Скопје
Во Музејот на град Скопје, поточно во Галеријата Белогаски денеска, во 12 часот ќе биде отворена изложбата „Скопје виа Солун“.
Во рамките на поставката, пред јавноста ќе бидат претставени приказните за двата града, нивната поврзаност со патен, воден и железнички сообраќај, трговијата, културните преплетувања и личните, фамилијарните и професионалните врски меѓу градовите.
Изложбата и монографијата се тригодишен проект финансиран од Градот Скопје и Министерството за култура.
Поради мерките и протоколот за пандемијата од Ковид 19, посетата ќе биде ограничена.