top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тарантино има договор за две книги

Режисерот-оскаровец Квентин Тарантино потпишал договор со издавачката куќа „Харпер“ за две книги, од кои едната е за неговиот последен филм „Беше еднаш во… Холивуд“, која треба да излезе следното лето, пренесуваат светските медиуми.

– Таа прво ќе излезе во форма на старите евтини романи во мек повез, кои му се омилени на Тарантино и ќе понуди нов, разигран и шокантен крај за филмот – соопшти издавачот.

Филмот се појави лани и доби десет номинации за наградата „оскар“, од кои победи во две.

Втората книга на Тарантино, насловена „Cinema Speculation”, ќе биде белетристика и издавачот ја опишува како „длабоко нурнување во филмовите од 1970-ите, што делумно се потпира врз воодушевувањето на Тарантино од Полин Каел, почината критичарка на „Њујоркер“. Се уште не е познат датумот на објавувањето на оваа книга.

– Книгата ќе биде богата спој од есеи, критики и лични забелешки на Тарантино – додава издавачот во изјавата за медиуми.

Неколку режисери пишуваа белетристика последниве години, меѓу кои се Брајан де Палма, Дејвид Кроненберг и Гилјермо дел Торо, додека Мајкл Мен пишува за она што претходи на настаните на неговиот филм „Жештина“. Педесет и седумгодишниот Тарантино во иднина може да има повеќе време за книги.

2 views
bottom of page