top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сензационален ангажман: Елитен менаџер од Премиер лигата доби работа во Бугарија! (Фото)

Алан Пардју како елитен англиски стручњак во изминатите години го гледавме во Премиер лигта како менаџер на Вест Хем, Њукасл, Кристал Палас и Вест Бромвич Албион, но сега, искусниот тренер се одлучи за еден крајно неочекуван и сензационален чекор во кариерата.

Од соседна Бугарија ни пристигна една „бомбастична“ вест поврзана за името на 59-годишниот фудаблски стратег, кој сега доби ангажман и директорска улога од страна на бугарскиот фудбалски великан, ЦСКА Софија.

Бугарскиот клуб со огромно задоволство ја информираше јавноста дека е постигнат договор со ценетиот фудаблски работник, кој во клубот ќе ја има задачата на технички директор и целта ќе му биде дополнително да го развие клубот.

– Армејци, англискиот фудбалски специјалист Алан Пардју станува член од нашето семејство.

– Тој ја добива функцијата на технички директор и со огромното искуство и контакти ќе помага во целосен развој на клубот, но и привлекување на европски фудбалери. 59-годишниот Анличанец веќе потпиша договор и веднаш почнува со работа. Добредојде во армејското семество, Пардју, – гласи соопштението на ЦСКА Софија.

2 views
bottom of page