Првите лекарски тестови донесоа лоши вести за Ибра и Милан
Златан Ибрахимовиќ е клучен играч за Милан и тоа го докажа и на вчерашното гостување на „Сан Паоло“, каде фантастичниот искусен напаѓач постигна два гола во победата на гостите од 1:3.
Иако има 39 години, Златан прави радикална разлика на теренот и е убедливо најдобар голгетер кај лидерот на табелата во Серија А, кој сега за жал нема да може да смета на својата најголема ѕвезда во наредниот период.
Ибра го заврши со повреда вчерашното дерби и поткривнуваше по последниот свиреж на главниот судија, а првичните тестови кои му беа направени денеска не носат добри вест.
Милан потврди дека Златан има повреда на мускулот на задната ложа и ќе мора да мирува извесен период, со тоа што во официјалното соопштение се вели дека ќе му бидат направени нови тестови за десет дена.
Сето ова навестува дека напаѓачот може да има мускулна повреда од втор степен, поради што би можел да паузира и до четири седмици, нешто што ќе биде подетално познато на вторите тестови кои клубот ги закажа за 10 дена.