top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Куман не го повика Меси за мечот во ЛШ и експресно даде објаснување: Верувам дека Лео…

Барселона претрпе незгоден пораз на гостувањето во Мадрид во дерби пресметката со Атлетико, а два дена по дуелот кој се одигра на „Ванда Метрополитано“, Роналд Куман самиот си создаде голема работа за време на прес-конференцијата која ја одржа ова попладне.

Каталонскиот гигант утре го чека натпревар во Лигата на шампионите против Динамо Киев, па иако станува збор за меч од самата елита, Лионел Меси нема да биде дел од истиот.

Куман одлучи да не го повика Меси и да не го вклучи во тимот за гостувањето во Украина, порачувајќи дека на Меси му е потребен одмор по дербито со Атлетико, но уште повеќе поради тоа што имаше неколку натпревари со аргентинската селекција и долго патување.

– Одлучив да не го повикам Лео за утрешниот меч. Но, не е само тој, нема да игра ниту Де Јонг. Ситуацијата во Лигата на шампионите ни е добра, остваривме победи и може да ги одморам моите играчи. Играа премногу натпревари, особено они двајца. Постојано зборуваме за Меси, не сакам ова да се разбере погрешно. Тој имаше огромно влијание во сите големи успеси на тимот во изминатите години и верувам дека се уште може да има влијание во она што следи.

– Мора да ги заштитам моите играчи, распоредот е пеколен и неверојатно тежок. Невозоможно е играчите да останат здрави ако играат секој трет ден, видете што се случи со Серхио Роберто и Пике. Цел свет мора да размислува за ова. ФИФА и УЕФА мора да размислуваат за здравјето на играчите, – порачува Куман.

1 view
bottom of page