top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во Египет откриени над 100 саркофази

Египетските претставници задолжени за антиквитети објавија дека се откриени најмалку 100 древни саркофази, со мумии во некои од нив, и околу 40 позлатени статуи, во огромната фараонска некропола јужно од Каиро. Шарените саркофази и статуи, кои биле закопани пред повеќе од 2.500 години, беа претставени на импровизирана изложба во подножјето на славната скалеста Џосерова пирамида. Археолозите отворија ковчег во кој се наоѓала добро зачувана мумија замотана во ткаенина. Исто така извршиле рендгетско снимање, визуализирајќи го обликот на древната мумија. Министерот за туризам и антиквитети Калед ел Анани изјави дека откриените предмети потекнуваат од хеленистичкиот период (320 – 30 година пр. н.е.) и доцниот период на стар Египет (664 – 332 година пр. н.е.). Тој рече дека артефактите ќе ги преместат во најмалку три каирски музеи, вклучувајќи го и Големиот египетски музеј што Египет го гради во близината на познатите пирамиди во Гиза. Министерот додаде дека подоцна оваа година ќе објави уште едно откритие од истата некропола. Египет често ги афирмира археолошките откритија со надеж дека ќе ја поттикне туристичката индустрија, која се соочува со тешкотии по превирањата во 2011 година кога беше симнат од власт долгогодишниот претседател Хосни Мубарак.

2 views
bottom of page