top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Богдановиќ ќе добие 72 милиони долари за четири години во Атланта

Српскиот кошаркарски репрезентативец, Богдан Богдановиќ, ќе се пресели во редовите на Атланта Хоукс, тимот кој му понудил 72 милиони американски долари за четиригодишен договор.

Сакраменто има два дена да испрати најмалку идентична понуда како таа на Атланта, но се чини дека Богдановиќ дефинитивно ќе го засили тимот од Џорџија, во кој пред неколку години настапуваше и неговиот поранешен соиграч и голем пријател, Перо Антиќ.

Минатата сезона, Богдановиќ имаше просек од 15,1 поени, 3,4 асистенции и 3,4 скокови, а во Атланта ќе очекуваат позитивен ефект и од неговиот одличен просек во шутирање тројки.

Богдановиќ беше избран на НБА драфтот од Феникс во 2014 година, остана уште три години во Европа, по што три сезони настапуваше за својот единствен тим во НБА, Сакраменто Кингс.

Атланта вчера ги засили своите редови со Рејџон Рондо од шампионот Лос Анџелес Лејкерс.

1 view
bottom of page