top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Филм: „Глорија мунди“ – за подобар живот

На 21 ноември, од 18 часот, во Кинотека ќе се прикаже француско-италијанскиот игран филм „Глорија мунди“ во режија на Робер Гедигијан.

По излегувањето од затвор, Даниел се враќа во куќата во Марсеј, каде што неговата ќерка Матилда штотуку се породила. Матилда работи скратено работно време во локалната продавница, а нејзиниот маж Никола е таксист: секојдневно се борат да ја пребродат сиромаштијата. Нивната социјална положба станува дури и полоша откако Никола ќе биде нападнат од други таксисти-соперници. На сцената стапува Даниел, барајќи ја правдата и подобриот живот за неговото семејство…

Улогите се на Аријан Аскарид, Жан-Пјер Дарусан, Жерар Мејлан, Ане Демустје.

0 views
bottom of page