top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Скопјанката Анѓела Јакимовска успешна на „Мис глоуб 2020“

Викендов во Тирана, Албанија, се одржа изборот „Мис глоуб 2020“ со учество на 50 девојки од исто толку држави од целиот свет. Нашата држава ја претставуваше 24-годишната Анѓела Јакимовска од Скопје која направи убав успех со пласманот во топ 15 кандидатки и на крајот, според бројот на поени од стручното жири го освои одличното седмо место.

Таа и на натпреварот „Хед ту хед челенџ“ (Head to head Challenge) ја освои титулата втора придружничка, каде најмеродавен фактор беше интелигенцијата на девојките.

Анѓела Јакимовска

Победничка на изборот е претставничката на Косово, прва придружничка убавицата од Русија, а втора придружничка е од Гана.

– Убавиците од целиот свет престојуваа три недели во Албанија каде освен туристичката тура која ја имаа во првите 10 дена, се подготвуваа за финалето, кое се одржа во големата сала на комплексот „Олимпик парк“ во Тирана. Изборот по 17-ти пат во Албанија го организираше асоцијацијата „Делиарт“, овој пат во услови на пандемија, но како и секогаш максимално професионално и на ниво кое доликува на еден светски избор за убавина – вели Мики Црнокрак, кој веќе 25 години е национален директор за изборот „Мис глоуб“.

Нашата претставничка на финалето носеше модели на креаторките Лумние Локи и Соња Методиевска.

0 views
bottom of page