top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Силвестер Сталоне се придружи на „The Suicide Squad“

Силвестер Сталоне е последното звучно име коешто ѝ се приклучи на актерската екипа на новото продолжение на „The Suicide Squad“. Веста на Instagram ја објави режисерот Џејмс Ган.

„Отсекогаш сакав да работам со мојот пријател Сталоне и нашата работа на „The Suicide Squad“ не e исклучок. Иако Слaj е филмска sвезда и икона, повеќето луѓе сè уште немаат претстава колку е овој човек неверојатен како глумец“, се пофали Ган.

Сталоне го потврди податокот. Според IMDB, сè уште не се знае кој лик тој ќе го толкува. Во филмот, чиешто прикажување е закажано за 6 август 2021 година, улоги ќе ги повторат Марго Роби како Харли Квин, Џеј Кортни – капетан Бумеранг, Џоел Кинаман – полковник Рик Флег и Вајола Дејвис како Аманда Волер.

Во новиот филм ќе се појават и Идрис Елба и Џон Сена.

Сталоне, најверојатно, ќе глуми и во четвртиот дел на „The Expendables 4“, но тој проект е сè уште во претпродукција.

2 views
bottom of page