top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Праизведба: Монодрамата „Исмена“ во Велешки театар

На 21 ноември во 19 часот на сцената „Петре Прличко“ во Велешкиот театар ќе биде праизведена монодрамата „Исмена“ од Катерина Момева, во режија на Елеонора Теова.

Како што информираат од Велешкиот театар, монодрамата ја изведува актерката Моника Ставревска, а изведбата на музиката во живо е на Сашко Костов. Дизајнот на плакатот и промотивниот материјал се на Филип Коруновски.

Авторите на претставата подвлекуваат дека станува збор за артикулација на прашањата за потеклото и за немоќта да се избега од сопствениот корен, за потребата да се одговорат егзистенцијални прашања преку соочување со минатото и непознатото во него – кое има лик на стапица за заробување на душата.

1 view
bottom of page