top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

МКЦ во 2020 година ќе биде дел од европскиот проект „Scenergies“

Младинскиот културен центар во 2020 година стана дел од уште еден голем европски проект „Scenergies“ кој се базира на градење одржливи стратегии за креативни меѓународни активности помеѓу музички сали, кои делуваат на локалната сцена.

„Проектот има за цел да ја потенцира важноста на концертните сали и музичките културни центри како главни промотери за развој на млади таленти во Европа, кои претставуваат не само т.н. ‘инкубатори’ за бендови, туку играат и витална улога во развојот на здравиот урбан еко-систем. Концертните сали се важен дел од урбаните и приградски населби, вдомуваат и прикажуваат различен диверзитет на артисти и музичари, а свое влијание имаат и кон развојот на локалната економија, но и кон зголемување на атрактивноста на градовите во кои делуваат“, се вели во соопштението на МКЦ во кое се додава и дека овој проект има за задача да ги адресира актуелните проблеми и тешкотии со кои се соочуваат концертните сали и центри, кои во изминатите години, а особено во последната 2020, се соочуваат со огромни притисоци, финансиски и регулаторни, кои произлегуваат од постојаното флуктуирање на музичките вкусови и трендови кај публиката од една страна, како и промените во развојните урбани трендови од друга.

Покрај ЈУ Младински културен центар, како партнери во проектот се музичките клубови Sala X (Шпанија), Le Grand Mix (Франција), 4AD (Белгија) и музичкиот клуб Močvara (Хрватска). Проектните активности ќе се реализираат во текот на 2021 година.

0 views
bottom of page