Актерските легенди Алек Болдвин и Келси Грамер во нова комична серија
Американскиот телевизиски канл ABC подготвува серија за сезоната 2021/2022, во која главните улоги ќе ги толкуваат актерските легенди Алек Болдвин и Келси Гремер. Тие ги здружија силите во оваа нова комедија што ќе се прикажува на ABC.
Приказната е за тројца мажи кои биле цимери во дваесетите години сè додека не ги разделило завојуваното его. Сега триото се обединува, неколку децении подоцна, заради уште една трка.
Болдвин и Грамер ќе играат двајца цимери, а третиот член ќе биде објавен подоцна.
Болдвин беше редовен член на емисијата „Saturday Night Live“, во која го играше американскиот претседател Доналд Трамп. Грамер неодамна се појави во една епизода од комедијата на Си-Би-Ес „”Carol’s Second Act”.
Во улога на извршни продуценти на комедијата на АБЦ ќе бидат креаторот на „Модерното семејство“ Крис Лојд и Вали Чандрасекаран.