top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Скопје фото недела“ со најдобрите светски и домашни експерти и награден фонд од 100.000 денари

Престижниот настан „Скопје фото недела“ годинава ќе се одржи од 23 до 24 ноември.

„Скопје фото недела“ е петти настан по ред во организација на „Ангеловски фотографија“ и „Грег момент“ (Полска), кој се одржува традиционално секоја година.

Изминатите настани беа одржани со името (ISPV) International Summit of Photographers & Videographers, а овој пат со ново име и концепт – Skopje Photo Week (SPW2020).

Петта година по ред Скопје е домаќин и инспиратор на фотографи, чија инспирација ги отвора новите хоризонти на дигиталната уметност.

„Оваа година во значително изменето издание, почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19, внесуваме енергија во сивото секојдневие и монолитноста, која ја предизвика планетарната криза. Овој есенски самит ќе го реализираме благодарение на современата технологија (онлајн), а алатките ќе бидат инспирација за создавање органско искуство на сите учесници“, истакнуваат организаторите.

Меѓународниот настан ќе може да се следи во живо, а учесниците бесплатно може да се регистрираат на следниот линк.

„Скопје фото недела“ објавува и конкурс за избор на најдобра фотографија на тема „Скопје од мој алтернативен агол“.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди, и тоа за првата награда се предвидени 50.000 денари, за втората – 25.000 денари и за третата – 15.000 денари.

Предвидена е и специјална награда за најдобра инста-фотографија од 10.000 денари, објавена на хаштагот #SPW2020 (фотографиите мора да се направени во 2020 година користејќи ја камерата на вашиот мобилен телефон, а фотографии без мета-дата нема да влезат во изборот).

2 views
bottom of page