top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Филмот со Кевин Костнер урива рекорди, oд билети заработил 4,1 милиони долари

Новиот трилер со Кевин Костнер и Дајан Лејн заработи 4,1 милиони долари од продажба на билети. Тие се главните sвезди на новиот трилер „Пушти го да оди“ (Let go him), кој веќе ги освои првите симпатии на публиката во Америка. Focus Features проценува дека овој трилер заработил 4,1 милиони долари од продажба на билети од 2.454 локации.

Станува збор за трилер во кој Костнер игра пензиониран шериф, а Дајан Лејн неговата сопруга. Двојката остава ранч во Монтана за да го спаси својот млад внук од канџите на опасното семејство што живее во Дакота.

Тој конфликт завршува со насилство. Во филмот игра и Лесли Манвил, која за својата работа доби номинација за Оскар во 2017.

„Пушти го да оди“ е напишан и режиран од Томас Безуча, режисер зад кој стои и филмот „Семеен камен“.

1 view
bottom of page