Судот ја отфрли тужбата против продукциската куќа на Џенифер Лопез
Продукциската куќа на Џенифер Лопез може да здивне откако федералниот судија ја отфрли тужбата поднесена од жена што ги обвини продуцентите на филмот „Хастлерс“ за експлоатација и клевета.
Саманта Барбеш, поранешна стриптизета, бараше да ѝ биде исплатена отштета во износ од 40 милиони долари.
Саманта, чија животна приказна, всушност, беше инспирација за филмот откако претходно во 2015 година беше раскажана од магазинот „Њујорк тајмс“, ги тужеше продукцијата и соработниците на Лопез барајќи голема отштета.
Но, во вторникот американскиот окружен судија Дениз Коте го одобри барањето на адвокатите на Лопез да се отфрли тужбата според судските документи добиени од „Ентертејменмент викли“.
Со ваквата одлука, Лопез, како и дистрибутерот на филмови и сите други инволвирани во снимањето на „Хастлерс“, може, конечно, да здивнат од правната неизвесност.