Се славеше низ цела Македонија, но посебно весело беше пред куќата на Горан Пандев (ВИДЕО)
Македонската фудбалска репрезентација вчера испиша историја по победата над Грузија и се пласираше на ЕП во 2021 година.
Со голот на Пандев во 56-та минута по одличната акција, Македонија поведе со 1:0 и резултат кој што ја однесе на ЕП. Ова е историски успех за Македонија и македонскиот фудбал и нација.
Струмичани знаеја каде треба најмногу да се слави за пласманот на Европското првенство. Пласманот на ЕП кое се чекаше 27 години, ги разбуди сите спортски страсти, па илјадници фанови излегоа низ улиците во сите градови да прослават.
Во Скопје беше лудница. Навивачите со автомобили и развиорени знамиња славеа низ целиот град, а поголем број од нив се собраа и на плоштадот Македонија каде што пееја песни и навиваа.
Сепак, посебна фешта се случуваше во Струмица и тоа пред куќата на капитенот Горан Пандев. Струмичани знаат кој е најзаслужен за пласманот на Македонија на ЕП, па со зурли и тапани се собраа пред куќата на Пандев и го славеа големиот успех.