Search
За завршниот говор на коментаторот Тони Стојановски се пишува и во Србија и во Хрватска
Вчера Македонија ја победи Грузија и се пласираше на Европското првенство, а освен за успехот на Македонија по мечот многу се пишува и за завршниот говор на коментаторот, Тони Стојановски.
Коментаторот на МРТ после завршувањето на мечот ги извади сите емоции од себе и тој негов говор влегува во категоријата легендарни кои ќе се паметат.
Интересно е што неговиот говор не само што беше главна тема кај нас, за него пишуваат и Србите и Хрватите.