(ВИДЕО) Коментаторите на МРТ полудеа на трибините во Тбилиси по последниот судиски свиреж
Македонската фудбалска репрезентација го слави историскиот успех. Македонија ќе игра на Европско првенство. Македонија го слави Горан Пандев. Нашиот Горан Велики ја однесе нашата држава на едно големо фудбалско натпреварување, што му беше последната желба пред крај на кариерата.
По голот на Пандев, нашата репрезентација воспостави контрола над играта и само се чекаше последниот судиски свиреж за да започне славјето. А како што се радуваа нашите играчи на теренот, така и коментаторите на Македонската Радио Телевизија, Тони Стојановски и Горан Стерјовски скокаа од радост во новинарската ложа и на мошне емотивен начин го прославија нашиот пласман на ЕП.
„Кога нè оспоруваат: и име.. и презиме.. и нација.. и ген… eве нè во Европа! Меѓу сите тие што ги описменивме. Ќе нè дочекаат наредниот јуни, ќе ја поздрават нашата репрезентација. Ќе стојат мирно на нашата химна! Ова е порака од сите: православни христијани, Македонци, Албанци, Турци што играат за оваа репрезентација: Дека нашата држава треба да ја чуваат тие што ja водат – и едните и другите и третите и четвртите! Ова е голема победа за Македонија! Ова е победа за радост на душата. Да цитирам зборови од нашата поезија: СЕГА ДУШАТА СЕ РАДУВА ЗАТОА ШТО ИМА ЗОШТО ДУША ДА Е! ОВАА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЖИВЕЕ! ЌЕ ЖИВЕЕ УШТЕ !!!” – Говорот на спортскиот коментатор Тони Стојановски на крајот од историскиот натпревар