Ангеловски: Ние сме едно големо семејство, среќни сме што го обединивме народот
Македонија ја победи Грузија (1-0) во Тбилиси и со тоа дојде до билет за Европското првенство кое е на програмата во 2021 година, место во групата Ц во која ќе ги одмериме силите со Холандија, Украина и Австрија.
Ова е огромен успех за националниот тим кој при враќањето во Македонија беше пречекан од државна, владина делегација на граничниот премин Блаце каде се обрати капитенот Горан Пандев, но и нашиот селектор Игор Ангеловски кој порача:
- Среќни сме што успеавме да го обединиме народот. Ние во репрезентацијата така живееме во пет години, како едно големо семејство, без разлика на етничка, верска било каква припадност. Тоа ни донесе успех и пласман на ЕП. Среќен сум што работам со вакви фудбалери и се надевам Македонија и во иднина ќе се радува на вакви успеси, - рече Ангеловски.