top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

“И лунарно и соларно…“ изложба на скулпторот Дамјан Ѓуров

„Лунарно – Соларно, Камено – Метално, Клин“ е наслов на изложбата со која скулпторот Дамјан Ѓуров, се претставува пред прилепската публика.

Во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе може да се видат делата на Ѓуров во рамките на изложбата која претставува симбиоза на три циклуси преку техничка и идејна концепција.

“Во циклусот Лунарно-Соларно се потенцира на потребата за симболичко доживување на светот и неговиот космоген карактер. Во овој случај, во рамки на соларниот систем, како директен обликувач на менталниот светоглед и потребата од одговор на загатките. Додека пак во циклусот Камено-Метално време се навраќам повеке на земскиот карактер и поопипливо ја доловувам земската и архаична димензија кај човекот, за на крај во последниот циклус Клин, на сосема различен пристап, а сепак симболички, го соочувам човекот со егзистенцијалните проблеми и неговото присуство во општество. Симболиката се проткајува низ делата од двата циклуси и преку спојувањето на матријалите и преку идејната концепција“, вели авторот кој делата ги има изработено во галериски формат, од материјалот бронза, камен и метал.

Интересно е што во 2008 неговиот проект беше избран за изработка на делото ”Малиот Принц” кое е поставено пред Младинскиот културен центар.

На конкурсот на министерството во 2009 избрано е негово дело “Дрво“ кое е поставено на плоштадот Македонија од левата страна на Камениот мост…

3 views
bottom of page