top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѕвездите дефилираа во блескави изданија на „ЦМА“ наградите

Кери Андервуд, Миранда Ламберт и Марен Морис го донесоа гламурот на црвениот тепих на 54. церемонија на доделување на кантри музички награди во средата вечерта во Нешвил.

Наградите на Асоцијацијата за кантри музика (CMA Awards) ги почестија најновите и најдобрите од овој жанр со церемонија исполнета со перформанси. И многумина од присутните во текот на ноќта продфилираа на црвениот тепих пред да ги заземат своите места во Music City Center во Нешвил, Тенеси.

Церемонијата беше една од првите со публика во живо откако светот се соочува со пандемијата, со ограничен број на присутни седнати на одделни маси во согласност со пропишаните мерки за социјално дистанцирање.

Со класичен црвен тепих и публика – иако со редуциран капацитет, со физичка дистанца и строго дефиниран протокол за движење и со значително помал број на филски ѕвезди, филмски работници и медиуми, сепак ова издание на „ЦМА“ во одредена мера го враќа амбиентот од стандардите пред корона-кризата.

1 view
bottom of page