Русија бара актерка за снимање на првиот филм во вселената
Филмот „Challenge“ претставува заеднички проект на руската вселенска агенција Роскосмос и Првиот канал на Русија, а снимањето на Меѓународната вселенска станица е најавено за есен, идната година.
Продуцентите одлучија главниот женски лик во првиот филм снимен во вселената да биде женски, иако претходно беше најавено дека ќе биде одржан кастинг за актери од двата пола.
Првиот канал наскоро ќе најави кастинг во Русија на кој ќе биде одбрана актерката која ќе го толкува главниот лик, како и нејзината дублерка. Одбраната актерка ќе мора да мине низ обука за космонаути и да добие одобрение од комисијата за летови на Роскосмос.
Од претходно е познато дека режисер на филмот ќе биде Клим Шипенко.
Конкуренција на Русите за филм во вселената се режисерот Даг Лиман и актерот Том Круз, кои исто така планираат да снимат филм во вселената, во капсулата Dragon.
Снимањето е закажано за октомври, 2021 година.