Интерпретација на гордата македонска жена од “Пиреј“ – на Јутјуб
“Македонски збор“ објави видео на Јутјуб – извадок од романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски со интерпретација на главниот женски лик Велика.
– Велика е горда македонска жена, мажена за Јон кој заминува да се бори на фронтот и ја остава сама со петте деца – Ангеле, Капинка, Роса, Здравко и Ѕвездан. Сите ѝ умираат на раце. Сите ги испраќа во смрт, сама без никого, олицетворувајќи ја маката и силата на македонската жена во војните, соопшти „Македонски збор“ – иницијатива на неколку ентузијасти инспирирани од љубовта кон Македонија и почитта кон пишаниот македонски збор.
Тие создаваат видеосодржани од македонски дела, со интерпретација на извадоци од нив и со графички дизајн на карикатуристот со псевдоним Седо Перо.Иницијативата „Македонски збор“ досега во видеа на Јутјуб ги документираше Заклетвата на ВМРО, „Ленка“ од Кочо Рацин, „Откако те нема“ од Петре М. Андреевски, „Бесмртно писмо“ на незнаен јунак, „Македонија“ од Анте Поповски, „Октомври“ од Видое Подгорец и „За Тоше Проески“ од Гане Тодоровски.