Search
Реакција на „штрковите“: Карачиќ ќе се докажува во МЗТ Скопје
Тимот на МЗТ Скопје и официјално го потврди ангажманот на 24-годишниот крилен центар Иван Карачиќ.
Клубот од Аеродром се одлучи да се вклучи да пазарот и да реагира затоа што проблеми со повреди имаат Бојан Крстевски и Андреј Маслинко. Двајцата нема да настапат ниту на првиот турнир во АБА2 лигата каде пак шанса ќе добие Карачиќ, но од вториот меч со Сутјеска поради процедурата во јадранското натпреварување за регистрација на нови играчи.
Инаку последен клуб на Иван беше полски Даброва каде одигра само осум лигашки натпревари по траснерот од Широки Бријег. Карачиќ во МЗТ ќе остане најмалку еден месец, поточно тоа ќе му биде период за докажување по што ќе се одлучи дали ќе биде дел од „металците“ до крајот на камањата.