top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Интересен избор на напаѓачот: Мората го откри клубот во кој сака да ја заврши кариерата

Алваро Мората од оваа сезона повторно го носи дресот на Јувентус каде засега одлично му оди и најдобар показател за тоа се шесте голови на осумте компетитивни натпревари.

Меѓутоа без разлика на сегашната поврзаност, посветеност на Јувентус за Шпанецот негов најомилен клуб, оној што ми е при срце е Атлетико Мадрид.

-Секогаш имате тим како мали, јас сум и секогаш ќе бидам со Атлетико. Сакам да биде многу јасно дека сум му благодарен на Атлетико. Имам многу добри односи со Чоло [Диего Симеоне] и му посакувам се најдобро. Никогаш не се знае дали повторно ќе се сретнеме. Не знам дали некогаш повторно ќе го носам дресот на Атлетико.

-Во моментов, јас сум добар и смирен, но никогаш не знаете. Се надевам дека Атлети може да ја освои Лигата. Тие мораат да се борат за тоа и за секој натпревар, и играат многу добро. Гледам дека се подобри од Реал и Барса, -рече Алваро кој откри дека кариерата сака да ја заврши со Хетафе, тим во кој има настапувано во младите категории.

-Би сакал последниот дрес што ќе го носам да биде Хетафе. Имам многу добри односи со претседателот и луѓето кои се таму. Мислам дека благодарение на нив сум играчот што сум, -заврши напаѓачот кој доби повик за настап за „црвенената фурија“.

3 views
bottom of page