top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Англиски судии ќе ја делат правдата на историскиот меч во Тбилиси

Македонија во четврок во Тбилиси игра меч за историја, меч за пласман на Европското првенство, меч против Грузија кој ќе го водат арбитри од Англија.

Имено еден од најдобрите судии во Премиерлигата, Ентони Тејлор ќе биде главен на „Динамо Арена“, а негови први помошници ќе бидат Гери Бесвик и Адам Нун. Тејлор редовно суди во ПЛ, додека пак сезонава во Европа беше на центарот на дуелот од Супер Купот на УЕФА меѓу Баерн Минхен и Севилја, на пресметката меѓу Бриж и Лацио во ЛШ и на натпреварот Италија-Холандија во Лигата на нации.

Четврти судија ќе биде Крег Посон, задолжени за ВАР ќе бидат Стјуарт Атвел и неговиот помошник Пол Тирни.

1 view
bottom of page