top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џенифер Лопез го промовира својот бренд чизми

Џенифер Лопез во неделата утрото сподели жешки фотографии промовирајќи ги своите чизми „финола“ од црна лакирана кожа за цена од 99,99 американски долари.

Во вториот кадар 51-годишната поп-дива се потпира на луксузен автомобил во кратки кафеави чизми „џoрди“ за цена од 79,99 американски долари.

Џенифер, која може да се пофали со 250,6 милиони следачи на социјалните мрежи, на својата објава ѝ даде наслов: „Ајде да ги почнеме празниците малку порано затоа што тоа го заслужуваме!“

Поп-дивата неодамна заплови во дизајнерските води. Таа потпиша платено партнерство со Designer Shoe Warehouse (DSW) на 16 март. Нејзината колекција од 74 парчиња се движи од 34,98 до 149,99 долари.

1 view
bottom of page