Search
Фати успешно опериран, Барселона соопшти кога ќе се врати на терените
Барселона го победи Бетис во пресметката од редовното коло во Примера, но на оваа средба ја загуби младата ѕвезда Ансу Фати која се повреди и долго време ќе отсуствува од терените.
Вчера шпанскиот шампион соопшти дека Фати ќе мора да оди под нож, па така денеска беше извршена операцијата за проблемот со менискусот на левото колено. Оперативниот зафат кој го извршил доктор Рамон Кугат бил успешен и сега пред тинејџеорт е процес на рехабилитација.
Барселона информираше дека 18-годишниот офанзивец ќе биде во „аут“ четири месеци што значи ќе се врати дури во 2021 година.
Фати во оваа сезона одигра десет натпревари во Примера и Лигата на шампионите на кои даде пет голови и запиша две асистенции.