top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Нова книга: Објавени драми од Стојаноска-Станоеска

„Трудници“ и „Тајни“ се наслови на двете драми во новата книга на прилепската писателка Габриела Стојаноска-Станоеска. Драмите обработуваат современи и секогаш актуелни теми.

Се работи за текстови кои многу смело и без трошка ублажување, на најавтентичен можен начин прикажуваат бројни проблематични аспекти на нашето време и на нашиот современ живот. Обработува аспекти за кои би можело дури и да се каже дека се своевидни современи табуа.

Во драмите „Трудници“ и „Тајни“ Стојаноска-Станоeска навлегува во најинтимните човекови чувства и со неверојатна прецизност ги доловува најсуптилните нијанси на тие чувства: сите раскошни бои на тагата, радоста, лутината, љубомората, на среќата, исчекувањето, на неспокојството. Се смета дека е смело сведоштво за премолчаните приказни.

Според авторката, вакви драми не се напишани на овие простори зашто се отвораат повеќе интимни табуа. Досега Стојаноска-Станоеска има издадено збирки раскази: „Гола“, „Приказни за краткоста“, како и научната студија „Кусиот расказ и сонот“.

1 view
bottom of page